Концерт на воениот оркестар по повод 30 години Армија и Денот на народното востание
Воениот оркестар на Армијата вечерва ќе одржи едночасовен вечерен концерт во Домот на Армијата во Скопје. Концертот се организира во рамки на активностите со кои се одбележува 30-годишниот јубилеј на Армијата и во чест на Денот на народното востание – 11 Октомври.
– На концертот, во составот на армискиот воен оркестар ќе учествуваат и припадници од воениот оркестар на Армијата , солисти и уметници од реномираните национални музички институции, како и самостојни музички изведувачи, информираат од Министерството за одбрана.
Како што се наведува соопштението, репертоарот на концертот, што во рамки на јубилејната година се изведува под слоганот „Безбедност, стабилност, доверба“, содржи музички нумери од македонската евергрин сцена, војнички композиции, но и композиции на познати светски автори, како Лучијано Фелицијани, Ричард Штраус, Густав Холст.
– На концертот покрај началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменикот на министерката за одбрана, Башким Хасани, военото раководство од Генералштабот и Министерството за одбрана и припадници од командите и единиците на Армијата, како гости се очекува да присуствуваат и претставници од Собранието и Владата на Република Северна Македонија, претставници од амбасадите и воено-дипломатскиот кор и други, се вели во соопштението.
Од Министерството посочија дека вечерниот концерт е дел од планираните активности со кои годинава, Армијата одбележува 30 години од своето формирање, но и со кој се промовира соработката и заедништвото со сојузничките армии.
Концертот ќе може да се проследи преку директен пренос на третиот програмски сервис на МРТ со почеток во 20:00 часот, како и на Јутјуб каналот и Фејсбук-профилот на Армијата.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник