ВМРО-ДПМНЕ денес ќе објави нови детали за аферата „Броило“
Прв ден откако Ковачевски е мандатар за влада фирмата основана од него Пиксел груп добива 203 илјади евра државна помош.
Во период од 2019 година до 2021 година Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски од владата и од ФИТР добила над половина милион евра помош. Во половина од тој период Ковачевски е заменик министер за финансии.
Ковачевски е во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра, а Пиксел груп основана од него е фирмата околу која се врти аферата Броило.
Аферата Броило не завршува само кај фирмите на соларниот картел, туку тие учествувале во прикривање на неправилности и како надзор.
Имено фирмата на кумот на Ковачевски, КМГ ЕОЛ Квазар е надзор над проектот за промена на постојните светилки и поставување на бандери во општина Гази Баба, додека со неа управува кадар на СДС.
Според утврденото од општината, но и според Финансиската полиција фирмата изведувач пишувала дека поставила бандери или сменила светилки, на места каде воопшто ги немало, и сето тоа било со потпис на надзорор, т.е. фирмата на кумот на Ковачевски.
За овој случај веќе се води истрага.
Мрежата во соларниот картел допрва ќе се отплетува. А дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Северна Кореја лансираше неидентификувана ракета
-
Убиен војник во престрелка меѓу египетската и израелската војска кај Рафа
-
Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство
-
ДИК го одби приговорот од „Европски фронт“ за изборното место во Ларце
-
Скопската вода добра за пиење, покажуваат најновите испитувања
-
Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива
-
Скопјанец ограбен во Градски парк
-
Пронајдено 14-годишното девојче по кое се трагаше три дена