Мицкоски: Потребни се предвремени избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека треба да се искористат сите демократски алатки кои им стојат на располагање за да се дојде до предвремени парламентарни избори.
Лидерот на оваа партија, во интервју за МРТ 2, посочува дека народот е против оваа Влада и затоа нагласува оти е добро да има предвремени избори.
– Власта тврди дека ќе оди до крајот со својот мандат, но ние цениме дека е добро да има предвремени избори, исто како што цени огромно мнозинство од граѓаните во Македонија, од кои ние го црпиме нашиот легитимитет. И ако гледаме како народна партија дека народот е против оваа влада, а сите перформанси велат, па дури и поддржувачите на СДСМ и ДУИ дека Владата е катастрофална и дека треба да замине, тогаш логично е да сториме се што е во наша моќ, да ги искористиме сите демократски алатки што ги имаме на располагање, да дојдеме до предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.
Тој во интервјуто се осврна на неколку актуелни политички прашања, поврзани со односите помеѓу политичките субјекти во државата, состојбите и политичките текови.
Ново на Сител
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење