Делегација на Уставниот суд на регионална конференција во Белград
Делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на регионална конференција на тема „Примена на Европската Конвенција за заштита на човековите права-искуства и предизвици на судовите во Централна и Југоисточна Европа”.
На настанот, како што информираат од Судот, била потенцирана улогата на националните судови и судиите во постапките со цел овозможување на ефективна заштита на правата од конвенцијата.
Во текот на двата дена од конференцијата, претставниците на највисоките судски инстанци на Централна и Југоисточна Европа дискутирале на пет тематски панели: „Слободата на изразување и судовите“, „Правото на непристрасен суд во кривичната постапка“, „Борбата против организираниот криминал во практиката на Европскиот суд за човекови права и домашните судови“, „Стекнување и губење на имотни права – принципи на добра волја и добра управа“ и „Процесни права – право на пристап до судот во граѓански прашања“.
На конференцијата која се одржа на 15 и 16 септември во Белград учествувале судии од Европскиот суд за човекови права и судии од уставните и врховните судови на Федерацијата Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора, Северна Македонија, Хрватска, Словенија и Србија.
Нашата делегација ја предводеше Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд и Мирјана Лесевска шефицата на кабинетот и советничка на Судот.
Конференцијата ја организираше Врховниот касационен суд во Србија со поддршка на проектот „Зајакнување на ефективни правни средства за спречување на кршењето на човековите права во Србија“, кој се спроведува во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа.
Ново на Сител
-
Трамп ги оправдува царините од 35 посто за Канада поради кризата со фентанил во САД
-
Уапсен 74-годишник кој подметнал три пожари во тетовско
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија
-
Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа
-
Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година