Австралија: Кенгур го убил 77-годишниот сопственик, прв ваков случај од 1936 година
Возрасен Австралиец (77), починал откако бил нападнат од кенгур што го чувал како домашно милениче. Ова е првиот смртоносен напад од овие торбари, по 1936 година, соопштија австралиските медиуми.
Според наводите, болничари биле повикани на имотот на човекот во Редмонд, околу 400 километри југоисточно од Перт, во Западна Австралија. Настанот се случил во неделата попладне, откако тој очигледно бил нападнат од кенгурот.
Член на семејството го нашол сопственикот на кенгурот сериозно повреден, а животното станало насилно кога болничарите се обиделе да му пријдат на човекот. Тие морале да го усмртат торбарот. Кусо потоа, човекот им подлегнал на повредите.
Ретки се напади од кенгур со смртни последици. Последниот пријавен смртоносен напад се случил 1936 година, кога 38-годишен маж бил убиен во Нов Јужен Велс.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ