Спасовски: Уништени околу десет тони различни видови на наркотични дроги
Во „Макстил“ денеска беа уништени околу десет тони различни видови на наркотични дроги одземени до август 2022 година по основ на правосилни судски одлуки донесени по завршени кривични постапки, како и врз основа на судски решенија за нивно ништење, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Станува збор за уништени повеќе од 8,2 тона марихуана, потоа, околу 100 килограми хероин, хашиш и кокаин, над илјада растенија, семки од канабис, како и 1,2 милиони парчиња психотропни супстанции што претставува најголемо уништено количество запленета дрога досега која на црниот пазар би достигнала според проценките некаде вкупна вредност од 26 милиони евра, рече тој.
Уништувањето на дрогата, како што кажа, е реализирано во соработка со МВР, Државната комисија за уништување на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, Агенцијата за управување со одземен имот, јавното обвинителство и судството.
– Оваа досега најголема количина на уништена дрога е резултат на бројните оперативни акции и континуирани активности коишто како МВР ги спроведуваме во изминатите неколку години со цел спречување на нелегалната трговија со дрога и прекурсори, а во насока на ова говори и фактот што само во периодот јануари – јули 2022 година, како резултат на овие активности беше запленета дрога во вредност од 205,5 милиони евра која ќе биде следна за уништување по завршување на законските постапки при што се сузбиени девет организирани криминални групи и спречени седум меѓународни транспорти на дрога, кажа министерот.
Тој додаде дека МВР, односно сите организациони единици надлежни за сузбивање на недозволената трговија со дрога, продолжуваат со, како што рече „реализација на овој наш врвен приоритет на брз, координиран и ефикасен начин да ја сузбиеме оваа опасна девијантна појава за која нема место во општеството кое го градиме заеднички со нашите граѓани“.
Ново на Сител
-
Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
-
Приведени три лица од Ресен, прегазиле и физички нападнале полициски службеници
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген