На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
На ден 03.09.2022 и 04.09.2022 поради одржување на меѓународниот натпревар во автомобилизам од календарот на ФИА-ЦЕЗ на ридски патеки, сообраќајот на патниот правец од Кочани, поточно с. Бели кон Пониква, ќе биде затворен за сообраќај во периодот од:
04.09.2022 Недела - 10:00 часот затворање на патниот правец од страна на полиција, 12:00 часот одржување на натпреварот се до негово завршување.
Ве известуваме дека во деновите понеделник 05.09.2022, вторник 06.09.2022 и среда 07.09.2022 година, Пелагонија АД Гостивар како изведувач на работите ќе воспостави времен режим на комплетно затворен сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот на патен правец Маврови Анови - Жировница (Р1202) поради испитување на мостовските конструкции на патот „Рехабилитација на регионален пат Р1202, делница Маврови Анови - Жировница“ согласно Одобрението за времена измена на режимот на сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска