Полициите од Вишеградската група во Македонија за справување со мигрантската криза
Полициите од Вишеградската група која ја сочинуваат Словачка, Чешка, Полска и Унгарија и експерти од Словенија и Србија денеска и утре престојуваат во скрининг посета на Македонија во врска со проектот за поддршка на државата во справувањето со актуелната мигрантска криза.
Целта е да се утврди правната рамка за спроведување на проектот, увид во тековната состојба и проценка на потребите.
Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, повеќе од кога било очигледна е потребата од заедничко дејствување, меѓусебна помош и соработка.
- Свесни за состојбата која постојано се заканува да ескалира, побаравме помош од пријателите на Македонија. Министерството за внатрешни работи врз основа на билатералните договори за полициска соработка упати барање за помош до повеќе држави, меѓу кои Австрија, Чешка, Хрватска, Словачка, Полска, Србија, Унгарија, Словенија, барајќи поддршка и помош за организирање заеднички операции за засилен надзор на нашата јужна граница, рече Спасовски.
Тој оцени дека Македонија поради својата географска положба се наоѓа во незавидна ситуација предизвикана од незапирливиот бран на бегалци и мигранти кои доаѓаат на јужната граница. Тој посочи дека во текот на минатата година низ Македонија транзитирале над 720 илјади луѓе.
Изразувајќи задоволство од досегашниот тек на соработка, Спасовски истакна дека таа досега резултирала со откривање на 858 мигранти кои користеле лажни или фалсификувани документи за да остварат влез во Република Македонија.
Претставниците од полициите кои престојуваат во Македонија остварија средба и со државниот секретар при МВР, Анастасија Илиеска, а во текот на денешниот ден, ќе го посетат Прифатниот центар за мигранти во Гевгелија каде е предвидена дискусија со експертите и евалуација на ситуацијата на теренот.
Ново на Сител
-
Приведен кумановец, возел со 1.73 промили алкохол во крвта
-
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
-
Претрес во дом на струмичанец, пронајдена марихуана и семки од канабис
-
Предлогот за гувернер денеска нема да биде доставен до Собранието, ќе биде познат следниве денови
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час