-->
-->
Убиство во Прилеп: Пронајден мртов 42-годишен маж
-->
Во напуштени простории кај средното економско училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп денеска е пронајден починат маж.
Според основниот јавен обвинител Мимоза Мрмеска станува збор за 42-годишниот Зоран Ристески од Прилеп.
- Телото на починатиот прилепчанец изутрината го пронашол случаен минувач. Според првичните сознанија и по прегледот од лекар, бил мртов најмалку 10 часа. Има повреда на главата и вратот и најверојатно е од удар од ѕидот каде паднал. Причините за смртта не се познати, рече Мрмеска.
Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта на прилепчанецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска