Иран категорично негира каква било врска со нападот врз Ружди
Иран денеска „категорично“ негираше каква било врска со нападот врз Салман Ружди, британскиот писател и автор на „Сатански стихови“, кој во петокот повеќепати беше прободен со нож на конференција во САД.
Семејството на Ружди вчера изјави дека чувствува „големо олеснување“ затоа што тој е тргнат од респиратор. Меѓутоа, според најблиските, тој и понатаму е „во критична состојба“, иако веќе можел да изговори неколку зборови.
Британецот со потекло од Индија, чиј роман „Сатански стихови“ доведе до смртни закани од Иран во 1980-те години, во петокот требаше да одржи предавање во државата Њујорк. Тој се здоби со неколку убодни рани во пределот на вратот и стомакот. Неговиот напаѓач е уапсен и се изјасни за невин.
„Категорично негираме“ каква било врска меѓу агресорот и Иран и „никој нема право да ја обвинува Исламската Република Иран“. Ова беше истакнато од страна на Насер Канани, портпарол на Министерството за надворешни работи, во првата официјална реакција на Техеран на нападот врз Ружди.
Во 1989 година во Иран е издадена фатва – повик кон сите муслимани да го убијат Ружди и сите оние поврзани со издавањето на „Сатански стихови“.
Фатвата беше укината од страна на иранската Влада во 1998 година.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување