Белата куќа: Борбите во близина на нуклеарната централа Запорожје се опасни
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека борбите во близина на нуклеарната централа Запорожје се опасни.
Таа додаде дека руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на војната, треба да ја предадат „целосната контрола“ врз нуклеарната централа на Украина.
Жан-Пјер посочи дека САД внимателно ја следат ситуацијата во Запорожје.
– За среќа, сензорите за радијација досега не покажаа никакви индикации за зголемени или абнормални нивоа на радијација, истакна Жан-Пјер.
Таа посочи дека САД се свесни за извештаите за рускиот третман на персоналот на нуклеарната централа и додаде: „Им честитаме на украинските власти и оператори за нивната посветеност на нуклеарната безбедност под овие тешки околности“.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање и ракетирање на подрачјето каде е лоцирана нуклеарната централа Запорожје.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло