Собранието усвои повеќе законски решенија во рамки на неколку седници
Собранието денеска усвои повеќе предлог закони од различни области. Во рамки на продолжението на 71. седница пратениците го усвоија Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина, поднесен од пратениците Ненад Коциќ од СДСМ и Маја Морачанин од ДОМ.
Исто така, беа усвоени и предлог одлуките за испраќање на припадник на Армијата во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, како и во „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република.
Со 62 гласа „за“ пратениците го усвоија и Дополнетиот предлог на закон за финансиска стабилност, а со исто толку гласа е усвоен и Законот за вршење сметководствени работи.
На седницата беа усвоени и измените на законите за финансиски друштва, за фондот за осигурување на депозити, за лизинг, како и за меница. Пратениците ги усвоија и измените на законите за супервизија на осигурување, за детективска дејност, за гранична контрола и за оружје.
Со 61 глас „за“, Собранието го усвои и измените на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Во рамки на 79. седница беа прифатени измените на Законот за служба во Армијата, додека на продолжението на 82. седница, беа усвоени измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, како и измените на Законот за основање на Универзитет „Мајка Тереза” во Скопје. Во рамки на 57. седница пратениците ги усвоија и измените на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја.
Ново на Сител
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“