Македонија
26. July 2022 - 17:48

Кривична пријава против две лица од Центар Жупа за неовластено прислушкување и тонско снимање

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.О. (28) и едно малолетник, двајцата од село Голем Папрадник, Општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено прислушкување и тонско снимање“.

– Тие, во автомеханичарска работилница, му поставувале недолични прашања на малолетник, неовластено го снимале, по што снимките ги пуштиле на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни работи.