Мотоклуб „Мечки“ и отсек за превенција од СВР Куманово во акција за носење кацига
Мотоклубот „Мечки“ и отсекот за превенција од СВР Куманово, организираа сообраќајна поука и поделија летоци со едукативна содржина наменета за учесници во сообраќајот, мотоциклисти кои при контроли не носеле заштита опрема-кацига, соопштија денеска од СВР Куманово.
Акцијата се реализираше во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2022“.
-Сообраќајната поука, по претходно спроведените контроли и констатирани прекршоци од сообраќајната полиција, ја одржаа членови на мотоклубот „Мечки“ и во разговор со учесниците во сообраќајот заедно со полицијата поделија летоци со мотото „Носи кацига, вози одговорно“, велат од кумановската полиција.
Покрај ова, од страна на мотоклубот „Мечки“ на отсекот за превенција при СВР Куманово им беше врачена е благодарница за досегашната соработка.
– Од спроведените активности до пошироката јавност е упатена порака да се подигне нивото на сообраќајната култура на живеење, бидејќи безбедноста зависи од сите нас. Силата и моќта е во почитување на законите, но и да се влијае на останатите да ги почитуваат, стои во соопштението на СВР Куманово.
Со ваквите превентивни акции, сметаат одговорните, директно се влијае на подигањето на нивото на сообраќајна култура, а на тој начин се намалува бројот на жртви во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”