Собраниската Комисија за финансирање и буџет не го одобри предлогот за покачување на платите во јавниот сектор, ССМ продолжува со протестите
Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница не го одобри предлогот за линерално покачување на платите во јавниот сектор, а од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) побараа оставка од пратениците кои гласаа против предлогот.
-Благодарам на овие ненародни пратеници кои изгласаа „не“ за покачување на платите на работникот, тоа се пратениците Марија Ѓоргиеска, Даниела Марковска, Диме Велкоски, Марија Кочоска, Коле Чакарлиев, Арта Биљали Зендели, Бајрами кадрија и Панчо Минов кој не сакаше да гласа. Никогаш повеќе пратеници, никогаш повеќе гласот на работниците оставка одма, порача денеска претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Побара оставка и од заменикот министерот Филип Николовски.
– И ти заменик министре да си дадеш оставка бидејќи немаше храброст денеска твојот министер за финансии да излезе пред пратениците. Те прати тебе да лажеш и ти да си дадеш оставка, од денеска вака ќе бараме оставки, му порачувам на премиерот да си ги консолидира редовите да си разрешува ваквии ненародни пратеници и ненародни заменици миистри, бидејќи тие треба да работат стриктно за народот и работникот, вакви одлуки по основ на барање за егзистенција, а знаеме дека ни сервираа покачување на струјата денеска ни сервираат некаков си партиски договор за преговори, и да не остават без пари без да знаеме во која насока ќе тече нашата иднина. Навистина е срамота за овие пратеници кои гласаа денеска против работникот и за овој министер кој ја претставува Владата, изјави Димовски.
Информира дека штрајкот продолжува и изрази надеж дека премиерот ќе ги сфати нивните барања и ќе излезе во пресрет на работникот за „неопходните 2 806 денари за егзистенција“.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово