Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ формираа координативно тело за справување со шумските пожари
Градоначалниците од Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион, кои се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Штип формираа координативно тело за полесно и побрзо справување со шумските пожари.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека иницијативата за ова тело е во период кога има потенцијална опасност од пожари на отворено, а минатата година се случија големи пожари во Кочани и Пијанечко-Малешевскиот регион, кои зад себе оставија пустош и големи штети.
-Одлучивме да го формираме ова координативно тело за поголема координација и проследување на информации за тоа во каква состојба се Противпожарните единица, потоа со каква опрема и ресурси располагаат, со цел полесно да се справиме на потенцијална опасност од пожари, вели Јорданов.
Упатија и апел до државните институции будно да ја следат ситуацијата. Градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски истакна дека како рурална општина немаат Противпожарна единица, а Доброволно Противпожарно друштво не им е доволно опремено. Забележа дека потребна им е опрема со цел брзо да интервенираат на терен, додека пристигнат пожарникарите од Свети Николе.
Кочанскиот градоналник, Љупчо Папазов истакна дека ланскиот пожар на празникот Илинден беше сериозна опомена за градот Кочани.
-Една од работите што се случија по овој пожар е што се формираше Доброволното Противпожарно друштво кое е сериозна поддршка на Територијалната Противпожарна единица. Добивме опрема и од Дирекцијата за заштита и спасување, која ќе се користи во не дај боже вакви ситуации, а денеска од Амбасадата на Кина добиваме опрема за комуникација меѓу оперативците на терен, вели Папазов.
Општините почнале и со проверка на хидрантите и на опремата.
Ново на Сител
-
Спречени обиди за криумчарење облека, парфеми и суплементи за миленици
-
Клебо: Сè уште не можам да верувам дека е реално тоа што го направив на СП
-
Ф1: Новата патека во Мадрид ќе го носи името „Мадринг“
-
Норвешката репрезентација во скијачки скокови го загуби спонзорот по манипулација со опремата
-
Одбиена жалбата на Форест на казната за критикување на ВАР судии
-
На Скопје Опен Рамус Г1 2025 најавени 1.000 таеквондисти од целиот свет
-
Во Велешко во вторник и среда АХВ ќе спроведе симулациска вежба за болеста африканска чума кај свињите
-
Канадска пивара продава пакување од 1.461 лименка за да се „преживее мандатот на Трамп“