-->
-->
Невремето откорна дрвја и попречи патишта во Кривопаланечко
-->
Невремето проследено со силен ветар и обилен дожд што попладнево го зафати кривопаланечкиот крај предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци и на магистералниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир.
Благодарение на одличната соработка и координација на локалната самоуправа, Територијалната противпожарна единица, екипите на Македонија пат и јавното претпријатие “Комуналец”, паднатите дрвја експедитивно се отстранети.
-Невремето предизвика штети и откорна дрвја што го попречија сообраќајот на повеќе локални патни правци, на новиот пат кон манастирот Св.Јоаким Осоговски и на магистералниот пат А2 на неколку места, но навремената реакција на итните служби и јавните претпријатија од општината придонесоа за брза санација на штетите од невремето, кое беше со силен интензитет, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски кој беше дел од акцијата и активно учествуваше во расчистувањето и отстранување на настаните штети.
Градоначалникот Митовски при тоа им честиташе и им се заблагодари на сите служби кои се во приправност и се грижат за безбедноста, за здравјето и за овозможување непречено одвивање на секојдневниот живот на жителите на Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло