Седница на Уставниот суд
Уставниот суд денеска ќе разгледува три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.
Првата иницијатива се однесува на оспорување на член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.187/2021).
Подносители на иницијативата се Дарко Јаневски, Сашко Јовановски, Даница Трпковска и Златко Јолески.
Подносителот Дарко Јаневски со иницијативата оспорува одредба од Одлуката, која, според него, била во директна спротивност со членот 1 став 1 од Уставот, наведувајќи дека таа е „дискриминаторска, сегрегирачка, но и непрецизна одредба која предизвикува правна несигурност“. Во иницијативата се наведува дека Владата ги ставила во нееднаква и неповолна положба угостителските објекти кои се наоѓаат надвор од Меѓународниот аеродром – Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле” во Охрид. Адвокатите Сашо Јовановски, Даница Трпковска и Златко Јолески, пак, сметаат дека одредбата е противуставна, неприменлива и во спротивност со Уставот, како и со неколку одредби од Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за здравствена заштита и Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Втората иницијатива што денеска ќе ја разгледуваат уставните судии, поднесена од Емануел Тасев, се однесува на оспорување на член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надоместок за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр.81/2022), донесена од Владата.
Според подносителот, членот 2 од Уредбата не е во согласност со повеќе одредби од Уставот и тоа членот 52 став 4, според кој, законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, член 55 став 2 според кој слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувување на природата, животната средина или здравјето на луѓето и членот 8 став 1 алинеја 3 според кој владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија. Подносителот наведува дека барателите на приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена за комерцијални, деловни, стопански, производствени цели, спорт и рекреација и неизградено земјиште за колективно домување пред стапување во сила на Уредбата се ставаат во понеповолна положба, им се повредува стекнатото право да го приватизираат земјиштето во државна сопственост согласно предвидените услови за приватизација при поднесување на барањето, а само затоа што постапките по нивните барања не се завршени заради неажурност на органите и според иницијативата се дискриминирани во однос на повластените баратели чии барања се решени со правосилни одлуки.
Уставниот суд ќе расправа и по иницијативата за оспорување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи во Штип, бр.01-754/1 од 25 јуни 2019 година, односно точка 2 реден број 11 и точка 3 реден број 18 од Табеларниот приказ на работните места во ЈУМЦСР Штип, со кој се утврдени посебните услови за работните места: раководител на службата за права на парична помош и раководител на службата за услуги од социјална заштита, поднесена од Сузана Цветкова.
Според подносителката на иницијативата, со оспорениот Правилник за раководител на службата за услуги од социјална заштита за оваа позиција имаат можност да конкурираат само три стручни профили и тоа социјална работа и политика, педагогија и психологија, па со тоа во подредена дискриминаторска позиција се ставаат останатите образовни профили кои веќе биле вработени во ЈУМЦСР Штип.
Ново на Сител
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила
-
Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители
-
Приведено лице заради службен разговор во врска со кривично дело „Оддавање на службена тајна“
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград