Промовирани младински иницијативи на Советот на млади при општина Битола
Општинскиот Совет на млади во 2016 година ќе реализира повеќе младински иницијативи од Стратегијата за млади на општина Битола за периодот од 2014 – 2019 година.
Од локалната самоуправа информираат дека програмата е фокусирана на четири стратешки oбласти, односно „Учество на младите и неформално образование во средните училишта“, „Младински активизам“, „Логистичка и програмска поддршка“ и „Млади на пазар на трудот“.
Советот на млади на општина Битола ќе направи веб платформа која ќе ги содржи сите информации за организациите членки и нивните активности. Платформата ќе овозможи отворен пристап до информации, упатување на прашања и експертска поддршка од страна на организациите за одговарање на отворените прашања.
Во 2016 година се акцентира и потребата за подобрување на конкурентноста на младите на пазарот на труд преку дообразување и обуки надвор од формалното образование. Притоа, освен обуки, предложено е и отворање канцеларија за поддршка на млади претприемачи и бесплатна правна помош.
Според програмата на Советот на млади, покрај практичната обука и дополнителните образовни активности, стратешкиот приоритет ќе се фокусира на поттикнување на искуствено учење преку поддршка за младински иницијативи. Интервенциите во оваа област се однесуваат на изработка на студии за утврдување на потребите на образовниот, јавниот и бизнис секторот, подоборување на претприемачкиот дух кај младите преку понуда на обуки, директна поддршка преку бизнис старт-ап центри и поттикнување за самовработување.
За таа цел, информираат од општината, ќе се врши организирање обуки и трибини, и презентации на мерките за самовработување, а Советот на млади ќе поведе иницијатива за да општината ги ослободи од плаќање на фирмарина во наредните 5 години и да им овозможи во период од 3 години бесплатно книговодство на сите отворени нови компании на лица до 30 години.
Меѓу повеќето младински иницијативи, во програмата се издвојуваат иницијативите од областа на спортот за поставување на 20 кош – табли во градот, иницијатива за отворање на fan shop на ФК Пелистер, изградба на велосипедска патека и паркиралишта за велосипеди како и ноќна патека за пешачење и велосипедизам кај месноста Смолево, потоа иницијативата за опремување на сала за бокс и кик-бокс, изградба на вештачка карпа за спортско качување и иницијатива за воведување сезонски автобуски линии до двата ски – центри „Копанки“ и „Нижо Поле“.
Ново на Сител
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата
-
Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
-
Дисциплинска комисија на ФФМ: Одземени 9 бода на ФК Гостивар и десет натпревари забрана за настап на свој терен
-
САД се повлекуваат од посредништвото во мировните преговори меѓу Украина и Русија
-
Приведен 32-годишен криминалец од Скопје баран со потерница за затворска казна од две години
-
Кривична против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари