СПМ смета дека се манипулира со измените во Изборниот законик преку некоординирани изјави на високи функционери
Во денешна дебата Претседателот на државата, г-динот Пендаровски изнесувајќи го ставот за изборните реформи повика на политички концензус околу пропорционален изборен модел со отворени листи.
При тоа истакнувајќи дека се залага за намалување на бројот на изборните единици со непостоечки или минимален изборен праг.
Социјалистичка Партија на Македонија сеуште е во очекување на произнеувањето на г-динот Тупанчевски околу очигледното заобиколување на вистината со истакнувањето дека се повикани сите политички партии заеднички да го изработат новиот Изборен законик.
Затоа пак, чекајќи го Тупанчевски, се јави Пендаровски!
Оттаму СПМ прашува, дали е координирано ова делување помеѓу двајцата носители на високи државни функции?
Изнесената теза околу „намалување на бројот на изборните единици“ е нова!
Познато ни е дека постојат барања за една изборна едница, но намалување на бројот без да се каже на колку претставува нов концепт.
Воедно, за каков формат на отворени листи зборува Пендаровски?
Бидејќи постојат најразлични решенија кога станува збор за ова прашање, интересен би било неговиот поглед.
Непостоечки или минимален изборен праг? Што е за него минимален изборен праг? Од каде се исцрпени позитивните европски искуства околу евентуална измена на Избирниот законик, кој би ги содржел сите овие елементи кои г-динот Пендаровски ги набројува?
Социјалистичката Партија на Македонија смета дека намерно се отвара прашањето околу нов Изборен законик и тоа од две, за нас очигледни причини:
Прво, за да се одолговлекува барањето за брзи Предвремени парламентарни избори. Се наметнува тезата дека е неопходна измена на Изборниот законик за да помине долг временски период до организирање на избори!
Второ, намерно се наметнуваат безброј предлози и решенија, дел од нив целосно несериозни, за да не дојде до заедничко решение, повторно во функција на одоговлекување на изборниот процес.
Како сериозна политичка партија СПМ се спротивставува на очигледното смислено сценарио и уште еднаш го повторува својот став:
Избори веднаш!
Менување Изборен законик со нова Влада и нов собраниски состав!
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната