Украинците минирале комбе со тела на војници од „Азовстал“, тврдат Русите
Украинските сили, повлекувајќи се, оставиле комбе со тела на 152 милитанти во подземните комплекси на челичарницата „Азовстал“, поставувајќи мини под него со намера за тоа да ја обвинат Русија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Портпаролот на министерството, Игор Конашенков, на редовниот брифинг изјави дека руската армија нашла четири мини под комбето и дека врз основа на резултатите од сослушувањето на заробени милитанти од Азов, било утврдено дека телата на загинатите биле минирани по директна наредба на Киев со цел да се обвини Русија дека намерно ги сквернави посмртните останки и го спречува нивниот транспорт со цел да им се предадат на роднините.
Руското Министерство за одбрана додаде дека во блиска иднина телата на украинските милитанти и војници пронајдени во „Азовстал“ ќе им бидат предадени на украински претставници.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска