Свечена академија по повод 30 години Македонски полициски синдикат
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа учествуваше на Свечената академија по повод одбележувањето на јубилејот – 30 години постоење на Македонски полициски синдикат (МПС), каде во поздравно обраќање во свое и во име на раководството на МВР на членовите на најрепрезентативната синдикална организација во рамки на Министерството им го честита јубилејот – три децении постоење, со желби за натамошни успеси како на професионален така и на личен план.
– Триесет години зад вас почитувани синдикалци означуваат едно исклучително богато професионално портфолио на Македонскиот полициски синдикат во доменот на синдикалното работење и заштитата и подобрувањето на социјалниот статус на вработените во МВР. Затоа денес МПС со право претставува достоен и респектиран партнер на раководството на Министерството, во креирањето на економско-социјалната, но и професионалната атмосфера во него, партнер без кого слободно и без претерување ќе потенцирам, скоро е неможно нормалното одвивање на процесите во Министерството, истакна министерот Спасовски.
Тој нагласи дека очекувам и верува оти МПС ќе продолжи по веќе етаблираниот курс како кредибилен заштитник и поборник за синдикални и социјална права на сите вработени и дека сите заедно ќе продолжат со праксата на динамично подобрување на економскиот и професионален статус на сите вработени во МВР.
На Свечената академија беа доделени свечени плакети на гости, партнери и соработници, меѓу кои и на министерот Спасовски му беше врачена Плакета за долгогодишно пријателство, поддршка и успешна соработка во унапредување на синдикализмот и синдикалното движење, како и легитимација и членска карта за почесен член на МПС.
Ново на Сител
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада
-
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер