-->
-->
СДСМ: Покрај заштедите, ќе скратиме уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци од Буџетот
-->
Владата предводена од СДСМ подготвува ребаланс на Буџетот со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци.
Ова е дополнително на кратењето од 8% на тековните расходи минатата година и дополнителните мерки кои што се направија во првите 100 дена од Владата за ограничување на трошоците.
Со кратење на непродуктивните трошоци и заштедите се отвора можност за нови мерки за граѓаните и компаниите за амортизирање на ударот од светската економска криза.
Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите.
Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво.
Дополнително е воведена тримесечна финансиска поддршка од по 1.000 денари за пензионерите и за семејствата во социјален ризик за полесно да се справат со последиците од кризата.
СДСМ во време на светска економска криза продолжува со политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата