Османи - Ескобар: Почетокот на преговорите е важен за стабилноста на регионот
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи имаше телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан при што во фокус биле темите поврзани со билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, и потребата од што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји, и со тоа кревање на рампата за отворање на пристапните преговори со Европската унија.
-Во контекст на актуелните безбедносни предизвици, процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносна политика и оттука постигнувањето напредок во евроинтегративните процеси на Северна Македонија е најсигурна инвестиција во стабилноста во земјава и регионот, посочи Османи, соопштуваат од МНР.
Тој притоа упатил благодарност за континуираната поддршка од САД за стратешките цели на Северна Македонија, како и целокупниот придонес за стабилноста и демократскиот развој на Западен Балкан.
Османи ја нагласи потребата за зајакнато американско присуство во нашиот регион како силна гаранција за регионалната и европската безбедност.
Соговорниците ги поздравија билатералните односи и традиционалното партнерство меѓу Северна Македонија и САД и ги разгледаа можностите за понатамошно унапредување на стратешкото партнерство и зајакнување на соработката меѓу двете земји, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени