Приведен првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар Тот
Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека е приведен осомничениот А.Ѓ. по кого се трагаше за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Осомничениот е приведен на територија на Скопје.
За него, како што информира МВР, веќе е донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.
– Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје. За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението од МВР.
Дваесет и седумгодишниот хрватски ракометар, кој играше за РК Бутел, почина во петокот на скопските клиники откако претходно пред дискотеката „Централ парк“ беше претепан од три лица – 22-годишниот А.К., 19-годишната К.Л и 28-годишниот А.Ѓ, кој беше во бегство и за кого беше распишана и меѓународна потерница.
Ново на Сител
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта
-
Таткото на Вања денеска ќе сведочи во Кривичен
-
Трамп е согласен со испраќање американски затвореници во Ел Салвадор
-
Вучевиќ за новиот мандатар на Србија: Мацут треба да донесе нова енергија