Османи во посета на Норвешка
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во посета на Осло, на покана на норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хјуитфелд.
Како што соопшти МНР, за време на посетата, Османи ќе се сретне и со претседателката на Комисијата за надворешна политика и одбрана во норвешкиот Парламент, Ине Ериксен Сораиде, а ќе учество и на промоција на трговската комора меѓу Северна Македонија и Норвешка.
– Целта на посетата е унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка, развојот на бизнис секторот и разгледување на можностите за инвестиции од оваа скандинавска земја. Во рамките на состаноците се очекува да се разменат мислења и за севкупната безбедносна состојба на европскиот континент во контекст на актуелниот геополитички моментум, со фокус на сојузништвото во НАТО и соработката на двете земји во Алијансата, се наведува во соопштението.
Во рамките на посетата, Османи ќе се сретне и со претставници на нашата дијаспора во Норвешка, додаваат од МНР.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш