Во Струмица се одржува вежба за заштита и спасување од урнатини
Во порaнeшната касарна денеска завршува тридневната вежба „Струмица 2022“ за обука, заштита и спасување од урнатини со тимовите за брз одговор од противпожарните единици на Битола, Пробиштип, Тетово, Струмица и Крива Паланка и Дирекцијата за заштита и спасување.
На вежбата присуствуваше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Макусти, претставници на Амбасадата на Франција во нашата држава и членови на Советот на Општина Струмица.
– Акцент се става на запознавање на конструктивни системи и оштетувања од дејство на земјотрес, видови на пукнатини и урнатини на објекти, тактиката за потрага и спасување на лица загрозени, процедурите при употребата на тимовите за брз одговор, запознавање со процедурите за управување, пребарување и постапката за оперативно содејство со други субјекти вклучени во акциите за спасување од урнатини, укажување на прва помош, санирање на последиците и згрижување на повредени, како и практична примена и демонстрација на опремата со која располагаат тимовите во активностите за заштита и спасување на терен, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување.
Tимовите за брз одговор од ТППЕ Струмица и Тетово од ДСЗ добија три комплети опрема за пребарување и спасување од урнатини, која беше употребена на вежбата „Струмица 2022“.
Ново на Сител
-
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба
-
Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
-
Вчера казнети 807 возачи
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање