Штипскиот народен театар ќе игра по една претстава за хуманитарни цели
Ансамблот на Народниот Театар-Штип на секои три месеца ќе игра по една претстава за хуманитарни цели, најави на денешната прес-конференција директорот на Националната установа –Центар за култура „Ацо Шопов“, Миле Вртеовски.
- Актерите утревечер во 20 часот на сцената на Народниот театар-Штип ќе ја одиграат претставата „Хотел ни на небо ни на земја“, а средствата кои ќе бидат собрани ќе бидат донирани на Одделението за педијатрија во Клиничка болница-Штип.Сакаме тоа да помине како една наша традиција, квартално на секое три месеци да играме по една претстава, која што ќе биде од театарот за љубов за граѓаните, рече Вртеовски.
Тој истакна дека на редовниот репертоар на Народниот Театар-Штип ќе се вратат неколку театарски претстави, како што се „Отварач за конзерви“ и „Енигматски варијации“.
Во текот на годината ќе работат на три нови театарски претстави: „Суд од Коле Чашуле“ во режија на Дамјан Читкушев, „Кралот на Бетајнова“ во режија на Миха Голоб и „Лазаревото писмо“ во режија на Љубиша Георгиев, кои се финансисрани од Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево