Детали за починатиот кичевец: Го тепале и удирале со ѓезве по што паднал во кома и починал
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.
– На 19 март, во куќа лоцирана во селото Десово каде престојувал оштетениот од Кичево, тие најпрвин со него започнале вербална расправија, а потоа и физички се пресметале. Според првичните сознанија, откако оштетениот му задал неколку удари на првоосомничениот во пределот на главата, првоосомничениот му возвратил удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Кога оштетениот паднал, осомничениот продолжил да го удира со тупаници и метално ѓезве по главата и со нозете по целото тело, велат од ОЈО Прилеп.
Од обвинителство објаснуваат дека од ударите оштетениот изгубил свест.
– Првоосомничениот ја напуштил собата, но по кратко време кај оштетениот дошол второосомничениот кој физички го нападнал, удирајќи го со раце по целото тело, насилно го извлекол од собата и во дворното место продолжил да го удира. Откако двајцата си заминале, оштетениот влегол во собата, легнал на креветот и паднал во кома како последица од здобиените удари со кои му биле нанесени голем број телесни повреди – фрактури и крварења. Следниот ден, како резултат на задобиените повреди, оштетениот починал, информираат од ОЈО Прилеп.
Против осомничените надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, оценувајќи дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка притвор во траење до 30 дена.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени