-->
-->
НБА: 250 коша во Њујорк
-->
Кошаркарите на Оклахома, како гости, славеа над Њујорк (128:122) по едно продолжение. Оклахома до деветтата победа на последните единаесет натпревари ја предводеше Кевин Дурент.
Во кошаркарскиот храм „Медисон Сквер Гарден“, Дурент постигна рекордни сезонава 44 поени, вклучувајќи ги и поените со кои на 16 секунди до крајот на регуларниот дел го израмни резултатот.
Покрај Дурент стандардно добра кај Оклахома беше и Расел Вестбрук, на кого две асистенции му недостигаа за ‘трипл дабл’. Бекот на Тандер мечот го заврши со 30 поени, 10 скока и осум асистенции.
Њујорк го предводеа Геловеј со 21 поен и пет скока, односно Вилијамс со 19 поени и 10 скокови.
На другиот крај на Њујорк, Бруклин загуби од Мајами (98:102). Тандемот Вејд-Бош го однесе Мајами до победата, откако и двајцата постигнаа по 27 поени.
ЛА Клиперс победи во Индијанаполис (89:91). Во отсуство на повредениот Блејк Грифин, Клиперси до победата ги однесе Крис Пол (26 поени, шест скока, 7 асистенции). Кај Индијана се истакна Пол Џорџ со 31 кош и 11 скока.
Филаделфија славеше над Феникс (113:103) и ја запиша седмата победа во сезоната. Иш Смит со 20 поени, пет скока и девет асистенции беше лидерот на Филаделфија на овој натпревар.
Милвоки го победи Орландо (107:100), па сега и двата тима имаат по 20 победи во сезоната.
На преостанатите натпревар Торонто го победи Вашингтон (106:89), Далас како гостин беше поуспешен од ЛА Лејкерс (92:90), а Портланд славеше над Сакраменто
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција
-
Туристичкиот остров Бали остана без струја
-
Ирскиот регулатор за заштита на податоци го казни ТикТок со 530 милиони евра
-
Грег Попович се повлекува од функцијата тренер на Сан Антонио Спарс
-
Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер ја погоди Аргентина, издадено предупредување за цунами
-
Трамп: Планирам да му го укинам на Харвард даночното ослободување
-
Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила за влез и излез од државата