-->
-->
Кремљ: Можна е средба Путин-Зеленски со претходни подготовки
-->
Кремљ не исклучува одржување средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но таа треба да биде темелно подготвена за да даде резултати, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Никој не ја исклучува можноста за средба меѓу Путин и Зеленски. Теоретски, тоа е навистина можно, истакна Песков.
Портпаролот на Кремљ, исто така, посочи дека „прво, делегациите и министрите треба да го направат својот дел, за да се погрижат претседателите да не се состанат само за разговори, туку дека средбата што ќе ја одржат ќе постигне резултати”.
– Ставот на Русија не е тајна, тој беше формулиран и претставен на украинските преговарачи. Ги чекаме нивните појаснувања, додаде Песков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари