Амбасадата на САД во Киев смета дека нападот врз нуклеарната централа во Запорожје е воено злосторство
Рускиот напад врз украинската нуклеарна централа во Запорожје, најголемата во Европа и преземањето на контролата врз неа од руските сили, за американската Амбасада во Киев претставува воено злосторство.
Британските медиуми наведуваат дека Амбасадата на САД во објава на Твитер даде досега најостра осуда на нападот од која било друга американска оценка на руските акции во Украина.
„Нападот врз нуклеарната централа е воено злосторство. Гранатирањето на Путин кон најголемата нуклеарна централа во Европа неговото владеење со терор го насочува уште еден чекор понатаму“, се наведува во соопштението на американската Амбасада во Киев.
Руските сили вчера утро ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје, по тешките борби во југоисточна Украина, што предизвика меѓународна загриженост и тревога, иако пожарот во зградата за обука беше изгаснат, а официјалните лица потврдија дека објектот е безбеден.
Руското Министерство за одбрана за пожарот во нуклеарната централата го обвини „монструозниот напад“ на украинските диверзанти и притоа соопшти дека руските сили ја презеле целосната контрола врз комплексот.
Американскиот претседател Џо Бајден престана да ги нарекува руските акции „воени злосторства“, велејќи дека е „прерано да се каже такво нешто“, а портпаролот на Пентагон Џон Кирби вчера одби да одговори на директно прашање, велејќи дека „ќе ја остави работата на Меѓународниот кривичен суд“.
Ново на Сител
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва
-
Во сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит