-->
-->
Кривопаланечките пожарникари лани бележат 63 интервенции
-->
Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка во 2015 година релизирала 63 интервенции, од кои 57 на пожари и шест технички интервенции.
Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека според нивните проценки вкупната материјална штета настаната од пожарите изнесува околу 1,814 000 денари, додека штетата од пожарите на отворен простор е околу 480.500 денари.
Во шест случаи поради големата материјална штета не се утврдени износите на опожарените материјални добра.
- Споредено со 2014 година кога бележиме 30 интервенции, лани нашите пожарникари интервенирале двојно повеќе. Најмногу пожари на објекти во 2015 година настанале во грејната сезона од ноември до февруари, додека на отворен простор најчесто се случуваат во март и април кога луѓето ги подготвуваат имотите за земјоделски активности и ги палат стрништата, како и во летниот сушен период со високи температури, изјави Коцевски.
Нагласи дека согласно извештајот за работа на ТППЕ во 2015, бројките покажуваат зголемен број на шумски пожари.
- Споредено со 2014 кога имало само 6 пожари на шуми, лани таа бројка се зголемила речиси 400 отсто. Бележиме 22 шумски пожари, во кои била опожарена вкупна површина од 27,4 хектари, но за потенцирање е фактот дека штетата и опожарената површина во овие пожари е намалена во однос на претходните години, нагласи Коцевски.
Според него, ова се должи на почитувањето на апелите до граѓаните за почитување на забраните за движење во шуми, како и на брзите и навремени интервенции на пожарникарите во соработка со екипа од јавното претпријатие „Македонски шуми“, Шумско стопанство „Осогово“, Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект