Бислимоски: РКЕ прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините за струјата
Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ) прави анализи како може да им се излезе во пресрет на општините кога е во прашање набавката на електрична енергија.
Како што изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски во „Стадион“ на Канал 77, најголем број од општините и јавните комунални претпријатија набавуваат електрична енергија на слободниот пазар.
-Но, за жал, имаме детектирано дека дел од општините се останати кај крајниот снабдувач што е 50 отсто од берзата хупекс – некои поради немарност, некои поради тоа што снабдувачите им ги раскинале договорите. Малите општини или помалите јавни претпријатија се на регулираниот пазар и кај нив состојбата е стабилна, истакна Бислимоски.
Според него, РКЕ донесе одлука со која ги тргна повластените производители од регулираниот пазар и ослободи околу 230 киловатчасови кон слободниот пазар.
-Оваа енергија за слободниот пазар е два пати поевтина од онаа на берза, рече Бислимоски.
Тој посочи дека пробелмот со кој се соочуваат општините е кај јавните комунални претпријатија кои мора да си ја зголемат ефикасноста.
-Анализите што ги прави РКЕ, без да посочувам во која општина, во едно комунално претпријатие се гледа дека има 550 вработени, а еден кориснички центар на ЕВН на поголема територија работи со 50 луѓе. Јавните комунални претпријтија не се ефикасни и се превработени, најголем број од трошоците одат на плати, посочи Бислимоски.
Во однос на цената на водата, појасни дека РКЕ не ја определува крајната цена на водните услуги, туку опсегот од минимална до максимална цена.
-Советите на општините си ја определуваат цената. Ако не се задоволни од тоа што нивните совети си определиле, можат да влезат во постапка за промена, потенцира Бислимоски.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово