Резников: Нема основа за воведување воена состојба во Украина
– Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников изјави дека нема основа за воведување воена состојба во земјата.
-Сигурен сум дека во моментов нема апсолутно никаква причина да се воведе таквата одредба за посебен правен режим, рече Резников за украинската телевизија ICTV, одговарајќи на прашањето дали треба да се очекува воена состојба.
„Само за да се регулира или нормализира медиумската атмосфера и простор, тоа во никој случај не може да се направи“, додаде министерот.
-Јас сум апсолутно мирен и убеден дека ќе ја преживееме оваа криза. Пред се, таа е навистина информативна, кажа министерот Резников, додавајќи. „Но, воена состојба се воведува доколку има директна агресија, како инвазија. Се надевам дека таква инвазија нема да се случи и затоа се ќе биде во ред“.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц вчера изјави дека неговото семејство останува во главниот град. Тој, исто така, заминувањето на дипломатите од голем број западни земји во врска со ситуацијата околу Украина го нарече „голема грешка“.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.