Албанскиот премиер Рама во четиридневна посета на САД
Албанскиот премиер Еди Рама ја почна официјалната посета на Соединетите Американски Држави, при што денеска ќе учествува на состанокот на Советот за безбедност на ОН, каде неговата земја е привремена членка.
-За време на четиридневната посета, на 15 февруари во Вашингтон, Рама ќе има средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Состанокот на Рама доаѓа по одлуката САД и Албанија да бидат кодомаќини на прашањето за Украина во Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесува агенцијата Балкан веб.
Ова е втора средба меѓу Рама и Блинкен, по онаа од 13 јуни 2021 година во Брисел, каде што САД и Албанија потпишаа меморандум за 4G и 5G безбедност.
Шефот на албанската влада покрај Советот за безбедност и средбата со државниот секретар, ќе се сретне и со заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, а планирани се средби и со други претставници на кои ќе се разговара за можна воена и образовна соработка меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето