Блинкен: САД се подготвени на дијалог со Русија, но само со деескалација во Украина
САД гледаат алармантни знаци на влошување на ситуацијата на руско-украинска граница и се подготвени за дијалог со Русија, но само во контекст на деескалација на тензиите, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на крајот на онлајн конференцијата со лидерите на тихоокеанските островски држави, што се одржа во Фиџи.
-Продолжуваме да гледаме многу загрижувачки знаци на ескалација… во близина на границите на Украина. Доколку Русија е навистина заинтересирана да ја реши оваа криза што ја создаде, ние сме подготвени да го сториме тоа преку дипломатија и дијалог, но тоа мора да се случи во контекст на деескалација, а досега од Москва видивме само ескалација, рече Блинкен.
Американскиот прв дипломат уште еднаш истакна дека Вашингтон и неговите сојузници „брзо ќе воведат строги и големи санкции против Русија доколку таа ја нападне Украина“, што според него може да се случи „во секој момент“.
Тој, исто така, кажа дека планира вечерва да има телефонски разговор со својот руски колега, министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј