Османи – Генчовска: Директните и интензивни контакти се патот до решенија за отворените прашања
Министрите за надворешни работи, Бујар Османи и Теодора Генчовска денеска на средба во Софија, непосредно пред почетокот на Втората заедничка седница меѓу владите на Република Бугарија и на Република Северна Македонија изразија задоволство од интензивирањето на дијалогот во последните недели, како и уверување дека претстојната седница меѓу владите ќе придонесе за продлабочување на позитивната динамика во односите.
Како што соопшти МНР, двајцата ја поздравија иницијативата за формирање секторски работни групи како средство за надградба на политичкиот дијалог и инструмент за идентификување и искористување на практичните придобивки од поактивната соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија.
-Во рамки на средбата беше разгледана актуелната состојба на политичкиот дијалог и билатералните односи, вклучително и во контекст на имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Се разговараше и за доставениот во декември 2021 година, одговор од Северна Македонија на предлозите од Бугарија за пакетот за политички прашања таканаречен „5 + 1”, се наведува во соопштението.
Министерката Генчовска и министерот Османи, како што се додава, го споделија мислењето дека директните и интензивни контакти меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји се правилниот пат за продолжување на напорите за изнаоѓање заемно прифатливи решенија за отворените прашања.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Велипеток - најтешкиот ден во годината
-
Избори во САД 2024: Кои се мега-богатите донатори кои го поддржуваат Трамп?
-
Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
-
Турција ги прекина трговските односи со Израел
-
Северноатлантскиот совет ги осуди последните руски хибридни закани
-
Променливо облачно со пороен дожд и грмежи