Лош старт за преработувачката индустрија
Лош старт на новата година за преработувачката индустрија. Намалените нарачки од странските партнери, ковид пандемијата и политичката неизвесност го намалија производството, но и оптимизмот кај раководителите дека состојбата ќе се подобри. Статистика објави дека е влошена ситуацијата со обезбедени порачки, но и очекувањата за обемот на производство во наредните 3 месеци. Поради овие фактори, секторот работел со искористенот на капацитетите под 70%.
Оптимизам има само за пораст на бројот на вроботени. Индустријата има потреба од кадар, кој велат дека се потешко може да се најде. Ограничувачки фактори се и недоволната странска и домашна побарувачка.
Подобрување на состојбата преработувачката индустрија очекува во 2 квартал годинава. Сепак, се ќе зависи од фактори кои не влијаат од нас, пред се ковид пандемијата и цените на енергенсите.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар