Пендаровски: Со смирение и молитва, солидарни и грижливи, да се издигнеме над сите неволји и проблеми
Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан.
Пендаровски во честитката по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици до сите кои го слават, им посака да го поминат пред сѐ во добро здравје, исполнети со мир, хармонија и со радост.
– И годинава како и минатата, Богојавление – Водици го празнуваме соочени со сѐ уште присутната епидемија на КОВИД-19, како и со бројни економски и општествени предизвици. Нека осветувањето на македонските води биде наша духовна поткрепа во надминувањето на сите тешкотии. Со смирение и со молитва, солидарни и грижливи да се издигнеме над сите неволји и проблеми. Да ги наполниме срцата со надеж и со верба и да даруваме безусловна љубов на ближните. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици! Бог се јави!, стои во честитката од шефот на државата Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Харис: Трамп ја згрозува функцијата американски претседател
-
Во САД почина дисидентот Фетулах Ѓулен, кој во Анкара беше обвинет за неуспешниот пуч од 2016 година
-
Неделен извештај: Водата за пиење во Скопје ги исполнува барањата за безбедност и квалитет
-
Фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР во Тетово
-
Експлозии низ Бејрут во текот на ноќта, напаѓани финансиерите на Хезболах
-
Премиерот Мицкоски во Салцбург на 20. Европски самит
-
Нема опасност за посетителите на ЗОО Скопје доколку немале директен контакт со заболените птици
-
СЗО: Египет е земја без маларија