Ристески: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи измени на Законот за тутун
Бидејќи актуелниот закон за тутунот е генератор на проблеми на тутунопроизводителите, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог закон да додека не се откупи домашниот тутун, да нема увоз од надвор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески по денешната средба на пелагониските пратеници и градоначалници, додавајќи дека воедно треба да се прекине со реваншизмот кон тутунарите.
Ристески посочи и дека државата треба да воспостави контрола врз откупот бидејќи откупувачите во овој момент вршат очигледен грабеж на тутунопроизводителите иако има квалитетен производ, и недостаток на истиот.
– Минатата година оправдување беше дека има вишок тутун и дека е со низок квалитет и цената достигна 159 денари, оваа година има кусок, намалено производство на тутун, склучен е договор на 22 милиони килограми, досега се произведени 19 до 20 милиони килограми, и во таква ситуација кога има недостаток, а производот е со одличен квалитет, цената е ниска од отприлика 180 денари, а реалната цена треба да е повеќе од 230 денари, рече тој.
Ристески упати апел до Државниот земјоделски инспекторат, да реагира додека не е касно, да се поддржат тутунарите.
– Даваме комплетна поддршка бидејќи се работи за 30.000 семејства, а тоа се повеќе од 100.000 граѓани кои егзистираат од тутунопроизводство, но и локалните економии на регионот зависат од тоа како ќе ја наплатат својата мака тутунопроизводителите, рече Ристески.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Бин Салман и Путин: Важно е наскоро да се постигне договор за примирје во Украина
-
Во Собранието нов обид за одблокирање на работата на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
-
Вучиќ во подкаст кај Трамп помладиот: Србија се соочува со обид за „обоена револуција“
-
Венс: Би се шокирал доколку Трамп прифати распоредување нуклеарно оружје во Источна Европа
-
Собјанин: Руските противвоздушни сили соборија четири дрона во регионот на Москва
-
До крајот на следната година низ светот може да има 6,7 милиони принудно раселени лица, предупредува данска хуманитарна организација
-
Синодот на СПЦ повика на престанок на поделбите и отпочнување дијалог во Србија
-
Американската администрација бара од агенциите на ОН да пополнат прашалник и да ги откријат антиамериканските врски