Трет ден од потрагата по исчезнатиот Сплиќанец во Белград
Припадници на повеќе единици на српското МВР се уште трагаат по хрватскиот државјанин Матеј Периш (27) од Сплит кој на 31 декември исчезна во Белград, каде дошол со пријателите да ја дочека Новата година. Таткото на исчезнатото момче ги повика сите кои имаат некаква информација за неговиот син да пријават во полиција, јави дописникот на МИА од Белград
Исчезнувањето на Матеј Периш е пријавено во петокот во 18 часот, од кога полицијата интензивно трага по него.
Во потрагата се вклучени повеќе различни единици на МВР. Земени се изјавите на пријателите со кои Матеј дошол во Белград, а биле проверени и надзорните камери на клубот „Готик“ каде последен пат тој е виден.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска зборуваше за исчезнувањето на хрватскиот државјанин, кој истакна дека се уште нема решение на потрагата, но дека има детали кои полицијата треба да ги соопшти.
Тој изрази надеж дека надлежните ќе успеат да го пронајдат и дека веќе имаат одредена скица за тоа што можело да се случи. Вучиќ додаде дека престои уште многу работа и дека се прават големи напори за да го најдат момчето од Сплит.
Инаку, вчера во Белград допатува неговиот татко, кој за белградските медиуми изјави дека има доверба во српската полиција и апелираше до сите кои имаат какви било информации да пријават, макар и анонимно.
- Дојдов да видам каде тоа се случило, немам нови информации. Имам апсолутна доверба во полицијата и се што прави. Од она што досега го слушнав, тие работат многу професионално, ја водат истрагата и тие се одговорни за сите информации, изјави таткото на исчезнатиот.
Матеј Периш за новогодишната вечер бил во клубот „Готик“ со своите пријатели, но во еден момент му се губи трагата, на пат за тоалет во клубот.
Според хрватските медиуми, еден од неговите пријатели рекол дека „немало опасно друштво“ во клубот.
Белградските медиуми пишуваат дека надзорните камери наводно го снимиле како се движи кон скалите кои се спуштаат кон еден сплав и дека снимката е доста неквалитетна поради маглата што ја имало таа вечер.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата