Повици до Крис Рок да се откаже од водење на доделувањето на Оскарите
Повиците за бојкот на 88-то доделување на филмските нагаради Оскар, затоа што се номинирани само бели уметници, добиваат се поголем замав.
Меѓу нив, како што јави Би-Би-Си, се побројните се и апели до комичарот Крис Рок да се откаже од водењето на оваа гламурозна свеченост.
- Те молам да не го водиш доделувањето на Оскаруте, напиша на Инстаграм раперот Фифти Сент.
Слична порака упати и Тајриз Гибсон, ѕвезда од филмот „Пеколна улица 7“.
- Нема таква шега со би можел да ја каже Рок, а која би хо надоместила фактот дека Академијата не номинираше ниту еден актер од малцинските заедници, изјави Гибсон за „Ју-Ес-Еј Тудеј“.
Според него, не постои друг начин да се укаже на тој пропуст од бојкот на церемонијата.
Многу уметнии ја осудија Американската филмска академија затоа што веќе втора година по ред за Оскар не е номиниран ниту еден актер или актерка со афроамериканско потекло.
Холивудската леенда Дастин Хофман номинациите за Оскар ги нарече „сублимиран расизам“ кој е присутен во целата американска држава.
Мајкл Китон, кој минатата година беше номиниран за улогата во филмот „Човек птица“, изјави дека смета оди „времето ги прегазило“ членовите на Академијата.
Пред нив, својот глас против овогодишната „бела листа“ на номинирани го кренаа и актерите, Џорџ Клуни, Џејда Пинкет Смит, Лупита Нионг, како и режисерите Спајк Ли и Стив Меквин.
Ново на Сител
-
Кривична за двајца полицајци за злоупотреба на службената положба
-
Маск предлага амнестија за Зеленски во замена за мирни демократски промени во Украина
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Орбан: Јасно се гледа стратешката разлика во ЕУ по изборите во САД, некои сакаат војна, а некои мир
-
Мицкоски: Се надевам дека нашиот процес на евроинтеграции ќе биде откочен со големата поддршка од Унгарија
-
Орбан: Зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ оди бавно, за тоа не е одговорна земјата, туку Европската Унија
-
АХВ: Во природната вода Ругове од Косово присутни бактерии
-
Уште еден случај на мачење животни - возач врзал мачка на својот автомобил | ВИДЕО