Бислимоски: Нема веќе комфорна зона – енергетска криза е, ќе има покачување на цената на електричната енергија
Очигледно е дека ќе има покачување на цената на електричната енергија, минатата недела трите компании испратија барања. Сите компании ќе треба да излезат од својата конфорна зона, ќе треба да дадат дополнителни напори за да се преживее оваа година, вели вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика во Студио 10.
- Постои незадоволство кај компаниите, но во кризна година сите треба да го понесеме товарот. За РКЕ се неприфатливи драстични ценовни шокови, затоа што ќе имаме проблеми со наплатата. Во време на криза треба сите да сме солидарни, да се подготвиме за една тешка година. Се уште немаме конкретна проценка колку ќе се покачи цената на струјата. Министерот рече дека ќе е под 10%, други велат 70% – во непријатна ситуација сме затоа што многумина кажуваат за цената, а РКЕ ќе ја понесе на крај одговорноста. ЕСМ годинава понуди 41 евро за мегават час, претходно беше 36,1 евро. ЕСМ презема обврска се да направи за да избегне увоз на електрична енергиј, вели Бислимоски.
Тој вели дека нема да има комфорна зона бидејќи е енергетска криза.
- Нема веќе комфорна зона – енергетска криза е. Дел од профитите ќе ги намалиме на енергетските компании, се разгледува опцијата од 25 милиони евра што се откупува за обновливи извори да се тргне. Овие количини ќе си бидат на слободен пазар, по пазарна цена. Ќе се растеретат граѓаните, ќе се помогне на домашниот пазар. Овие обновливи извори ќе се заменат со количини со енергија евтина од ЕСМ за 41 евро, вели Бислимоски.
Ново на Сител
-
МЗ: Отворен телефонски број за директна комуникација со министерот
-
Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора
-
Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени
-
Поставен камен темелник за изградба на спортска сала во Лескоец
-
Помалку часови наплата на зонско паркирање во Тетово
-
Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“
-
Мицкоски: Утре и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола
-
МОН: Од денеска почнува електронското аплицирање за сместување во студентски домови