Песков: Русија соодветно ќе одговори на евентуално распоредување оружје близу нашите граници
– Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска повтори дека ќе бидат преземени чекори за балансирање на ситуацијата доколку дојде до распоредување различни видови оружје во близина на границата со Русија.
– Не е тајна дека распоредувањето на различни видови оружје на нашите граници, кое може да претставува закана, ќе значи преземање соодветни чекори за да се балансира ситуацијата, изјави Песков, дополнувајќи дека се можни различни опции.
Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеје вчера соопшти дека земјата е подготвена да распореди нуклеарно оружје во случај на закана од НАТО. – Она што го рече претседателот Александар Лукашенко е дека ја разгледуваме можноста за распоредување нуклеарно оружје на белоруска територија како еден од можните одговори на идните акции на Северноатлантската алијанса на територијата на Полска, рече Макеј.
Претходно, Лукашенко изјави дека Белорусија и понудила на Москва да постави нуклеарно оружје на нејзина територија, доколку НАТО постави нуклеарно оружје во Полска.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата