Шекеринска – Де Ла Круз: Македонија целосно се приклучи во НАТО воздушното патролирање
НАТО заштитува, обединува и зацврстува. Денеска имавме прилика да видиме како овие три цели и задачи на Алијансата навистина се случуваат и пред наши очи. Видовме како со членството во НАТО, Северна Македонија е посилна и позаштитена, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, по демонстрацијата на изведување на Мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија.
Со ова, посочи Шекеринска, нашиот воздушен простор целосно се приклучи во НАТО воздушното патролирање и можеме да кажеме дека безбедноста на нашето небо е дел од НАТО безбедноста.
– Ова е можеби еден од највидливите резултати од нашата стратешка цел – членството во НАТО. Алијансата веќе 72 години гарантира безбедност на огромен број граѓани на Северноатлантската област. Во последните 60 години таа гаранција за безбедноста на граѓаните е пренесена и на небо, со функционирање на „air policing“ Мисијата на НАТО. Сега и ние се приклучуваме на таа мисија, изјави Шекеринска.
Успеавме, нагласи Шекеринска, во најкус период да ја завршиме воената интеграција со НАТО и продолжуваме да го зголемуваме нашето одбранбено екипирање и нашиот придонес во регионалната безбедност.
Командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака, по завршување на настанот рече дека „air policing“ Мисијата на НАТО одбележува 60 години и дека таа е основата на Алијансата во остварувањето на своите заеднички цели.
– Ова им овозможува на сојузниците да работат заедно за гарантирање на безбедноста на воздушниот простор, сега вклучително и на небото на Северна Македонија. НАТО авионите кои денеска ги гледате тука се пример за тие што 24/7 го гарантираат нашиот мир, стабилност и просперитет на сите граѓани, изјави генерал потполковник Де Ла Круз.
Со овој настан се одбележа официјалното вклучување на воздушниот простор на Република Северна Македонија во системот на воздушно патролирање на НАТО.
Ново на Сител
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
-
Тројца тинејџери биле приведени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана
-
Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
-
Осум лица аплицираат за две места во ДИК
-
Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста