Николоски: Македонија заслужува датум за преговори со ЕУ, граѓаните не смеат да бидат заложници на неуспесите на Заев
„Во рамки на посетата на Париз учествувам во работата на Комисијата за правни прашања и човекови права на Советот на Европа. Една од основните точки за кои што се разговара денес е спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Една од државите која што најмалку ги спроведува овие одлуки е нашиот сосед Бугарија, која што не сака да ги спроведе одлуките поврзани пред се со регистрирањето на организацијата ОМО Илинден Пирин. Јасно посочив дека Бугарија мора да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права како и одлуките на парламентарното Собрание на Советот на Европа и на Комитетот на министри на Советот на Европа со цел човековите права да бидат соодветно испочитувани“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата во Париз.
Николоски додаде дека во рамки на посетата на Париз денеска ќе оствари средби и во Сенатот, и во Парламентот каде што ќе се сретне со сенатори и со пратеници. При средбите ќе побара Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија.
„Граѓаните на Македонија не смеат да бидат заложници на корупцијата и на неуспехот на Зоран Заев. Тоа треба да го решат надлежните институции, но Македонија мора да почне преговори затоа што Македонија го заслужува тоа, а пред се граѓаните на Македонија. Корупцијата и економските неуспеси ќе бидат решавани од следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а европската перспектива ќе биде отворена за граѓаните на Македонија“, нагласи Николоски.
Ново на Сител
-
Обработени 93,30% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати
-
Мицкоски: Поразен е бојкотот на ДУИ, време е да одат со СДСМ во опозиција
-
ДИК: Обработени 90,40% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 390.345, СДСМ 136.748
-
Ковачевски: На СДСМ му е зададен тежок удар
-
ДИК: Силјановска Давкова со повеќе од двојна предност пред Пендаровски
-
Димитриевски: Повеќе нема да живееме во црно-сив свет, честитам на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ
-
Силјановска Давкова: Наградата е непроценлива за мене
-
Обработени 82,38% од гласовите - ВМРО-ДПМНЕ 59 мандати, СДСМ 18, Левица 6, ЗНАМ 5 мандати