Прифатени три, од четирите кандидатури за претседател на СДСМ
Согласно Правилникот прифатени се три кандидатури за претседател на СДСМ од страна на Централната изборна комисија, изјави денеска на прес – конференција Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
Таа потсети дека рокот за поднесување кандидатури за претседател истече вчера, а биле поднесени четири кандидатури.
– Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа, одговори Петровска на новинарско прашање до каде е постапката за верификација на поднесените кандидатури, дали денеска комисијата ги разгледуваше и донесе одлука.
Инаку, доставени беа четири кандидатури за партиски лидер на СДСМ, од Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ, Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово и од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на технолошко индустриски развојни зони.
Со Одлуката на Извршниот одбор од 26 ноември 2021 година вонредните избори ќе се одржат на 12 декември 2021 година. Постапката за кандидирање започна на 27 ноември, а заврши вчера. Право на кандидатура имаа сите членови на СДСМ кои ги исполнуваа критериумите согласно Статутот на СДСМ. За претседател на СДСМ можеше да се кандидира лице кое има најмалку пет години членство во партијата и кое најмалку еднаш бил избран од Конгресот за член на некој од партиските органи. Изборите на локално ниво ќе ги спроведат 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза