Пентагон подготвува нови бази за да и се спротивстави на Кина
Пентагон ќе се фокусира на изградба на бази во Гуам и во Австралија со цел подобро да ја подготви американската армија да и се спротивстави на Кина, изјави висок претставник на американското Министерство за одбрана.
Таквите потези се поттикнати од ревизијата на американската глобална одбранбена стратегија, која претседателот Џо Бајден му ја наложи на државниот секретар за одбрана Лојд Остин да ја спроведе набргу откако тој ја презеде функцијата во февруари, објави Си Ен Ен.
Остин започна со ревизија на американската глобална одбранбена стратегија која беше строго доверлива, но висок претставник на одбраната изнесе некои детали околу наодите.
– Бајден „неодамна ги одобри“ наодите и препораките на Остин произлезени од ревизијата, потврди д-р Мара Карлин, која е вршител на должноста потсекретар за политички прашања во Министерството за одбрана на САД.
Администрацијата на Бајден го постави спротивставувањето на Кина како свој главен надворешнополитички приоритет бидејќи тензиите во односите со Пекинг се интензивираат, особено околу Тајван.
Ново на Сител
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност
-
Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја
-
Aрсовска: Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на 12-катницата во Чаир, изградена без проект, на диво приклучена на струја, без платени комуналии
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата