Полицаец во Франција повреден во напад со ладно оружје
Едно лице кое изјавуваше дека дејствува „во името на пророкот“ утрово со ладно оружје повреди полицаец пред полициската станица во Кан, Франција, наведуваат полициски извори.
„Се разгледува терористички мотив“, изјави еден од изворите.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен на Твитер напиша дека „напаѓачот е неутрализиран“.
Полицаецот бил спасен благодарение на панцирот што го носел, наведуваат изворите.
Утринава околу 6.30 часот пред полициската станица во Кан, маж отворил врата од полициско возило и го избодел првиот полицаец, а потоа отишол на другата страна на возилото и се обидел, како што рече, да го нападне „шефот“.
Трет полицаец потоа тешко го ранил напаѓачот, кој е во критична состојба, изјави полициски извор.
Засега нема информации за напаѓачот.
Дарманен најави дека ќе го посети местото на настанот.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом